24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зечевиќ од Струмица: Со СДСМ, младите македонски генерации имаат европска иднина

Генералниот секретар на СДСМ на состанок со членовите и симпатизерите на партијата во Струмица денеска порача дека младите македонски генерации имаат европска иднина со СДСМ и дека така треба да изгледа иднината на македонската држава, напредна и економски силна во која младите сакаат да создаваат и да ја развиваат.

-Политиката мора да обезбедува сигурна, извесна и стабилна иднина токму за младите. Тоа е суштината на политичкото делување на СДСМ како државотворна партија и одлуките кои ги носи. Со СДСМ, младите македонски генерации имаат европска иднина, а така впрочем и треба да изгледа македонската иднина., рече Зечевиќ.
Тој додаде дека токму благодарение на СДСМ конечно е ставен крај на сите идентитетски премрежја на македонскиот народ, дека еднаш засекогаш е затворена темата и македонскиот идентитет е заштитен и потврден.

-Така на на младите што доаѓаат им оставаме чист терен, извесна и сигурна иднина во која ќе се разговара за економија, здравство, образование, за се она што е нормално, што ги интересира младите во 21 век., додаде Зечевиќ.
Струмица е пример за тоа што значи кога младите генерации македонски политичари даваат свој придонес за развој на својот град. Градоначалникот на СДСМ, Костадин Костадинов, со својот резултат во изминатиот период, потврди како може да се развива една модерна македонска општина, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.