14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„КОГА ТАТКОВИНАТА СТАНУВА ЧЕДО, А ВИСТИНАТА-БОРБА!“ – НОВА ЗБИРКА КОЛУМНИ И ЕСЕИ ОД Д-Р ВАСКО ШУТАРОВ

Современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров минатата седмица објави нова збирка колумни и есеи со наслов „Кога татковината станува чедо, а вистината-борба!“ кај издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.

Рецензентот и промотор на ова издание, Елка Јачева Улчар, препорачувајќи ги колумните на Шутаров, во предговорот кон оваа книга истакна дека за неа „нај¬важ¬на и обединувачка нишка со Васко е патриотизмот, оној што таа го нарекува здрав патриотизам, фундиран на: знаењето и са¬ка¬ње¬то на својата култура, историја, јазик, од една страна, но и врз са¬мо¬почитта која ако ја немаш, не може да продуцира почит спрема дру¬гиот; […] оној па¬три¬о¬ти¬зам што најдобро го имаше дефинирано Кенеди пред повеќе од шест децении: не прашувај што ќе ти даде тебе Татковината, пред да се прашаш што ќе ѝ дадеш ти на Татковината!

“Колумните и есеите на Васко,“ вели Јачева Улчар, иако пишувани за ак¬ту¬елни проблеми, имаат во себе една поучна димензија ис¬ка¬жана на негов препознатлив начин, која сигурно ќе допре до чи¬та¬телската македонска публика. И ќе бидат, сигурно, интелектуална чашка пијалак која вистински ќе ни треба во ова наше македонско време-невреме!

Книгата е делумно спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ во центарот на Скопје и на порталот kupikniga.mk.


ЗА АВТОРОТ:
Васко Шутаров е роден на 9 јуни 1964 година во Кавадарци. Во 1989 година, дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Неговиот научен интерес ги опфаќа областите политички науки (со посебен интерес за меѓународните политички односи), меѓународни културни односи, јавна, културна и дигитална дипломатија.

Во својата професионална кариера, бил советник во Советот на Општина Гевгелија (2000-2006 година), пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2011 година) а бил и претседател на Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија (2009-2011 година). Во периодот од 2009 до 2011 година претседавал со Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија. Од 2011 до 2017 година бил министер-советник во Македонската амбасада во Софија, Република Бугарија, и директор на Македонскиот културно-информативен Центар во Софија.

Автор е на бројни научни трудови и на книгите:
1. „Јавна и културна дипломатија“ (Панили, 2014);
2. „Публична и културна дипломатия “ (Изида, София, 2016);
3. „Културна дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите наследнички“ („Софија“, Богданци, 2019).
4. „Со зрно сол. И парче локум“ (2021 година)
5. Кога татковината станува чедо, а вистината-борба! (2022 година)

Редовно објавува колумни за порталот „Република”.

Спонзорирано: