Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Отворен Балкан треба да е урнек и за другите земји од регионот за тоа како се гради доверба

Фејсбук статус на експремиерот Зоран Заев:

„Отворен спортски Балкан“ е насловот на една од работните сесии на вчерашниот симпозиум на Асоцијацијата на спортски новинари. Тоа ме поттикна да зборувам за регионалната соработка и за иницијативата Отворен Балкан која треба да биде вистински урнек и за другите земји од регионот па и пошироко, затоа што на најубав можен начин ја промовира и афирмира довербата, како искрена форма на изнаоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина. Ние може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина. Отворен Балкан не е ништо друго, туку отворена можност за непречена билатерална или мултилатерална соработка на сите можни полиња, вклучително и на полето на спортот. Така се гради пријателство. Така се оди напред. Така се чува и надградува мирот.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК