Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ за отчет пред шпицниот градоначалник Мицкоски

Една година помина од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните освен партизација на локалните администрации и расипничко трошење на општинските буџети, ништо друго не видоа, велат од СДСМ.

Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски таканаречен саем ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните кои ги гласале, туку за интересите на нивниот шеф Мицкоски.

Една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација, неработење и задолжување на општините.

Градоанчалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалници а во таа неспсособност предничи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.