Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Девет милиони евра од ЕУ во Росоман за развој на економијата и за чиста животна средина.

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ, вицепремиер:

Девет милиони евра од ЕУ во Росоман за развој на економијата и за чиста животна средина.

📍Со изградбата на фабрика за третман на животинските нуспроизводи се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и еколошко отстранување на отпадот од животинско потекло.

📍Функционирањето на фабриката е во согласност со ЕУ и националното законодавство и е пример за инвестиција во циркуларна економија, која во општина Росоман отвора нови работни места и директно влијание на заштитата на животната средина, конкретно почвата и водите.
Во процесот на пристапни прегеговори локалните самоуправи ќе имаат посебна улога.

Општините се местата каде граѓаните можат да ги видат првите резултати од преговорите, затоа искористувањето на европските средства за реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, мора да продолжи.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +