22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Со Ципрас бевме номинирани за Нобелова награда, но најголема награда за мир е мирот што го имаме

„Како премиер добив повеќе меѓународни награди за мир, а заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас бевме номинирани и за Нобелова награда за мир. Сепак, за мене постои само една и единствена града за мир, а тоа е мирот“ изјави поранешниот премиер Зоран Заев на Самитот на спортски новинари на Југоистична Европа „Спортот за државата, државата за спортот“, каде што доби признание за придонес кон мирот.

Тој додаде дека делувајќи како премиер водел нималку лесни преговори и носел тешки одлуки за иднината на татковината, а сега преку фондацијата Заев го прави истото и негува исти ставови.

„Двете позиции се спротивни една со друга, но горд сум што Заев е истиот човек – македонец, мирољубец“ рече Заев.

Поранешниот премиер рече дека се надева оти татковината ќе продолжи да ја негува мирољубивата политика, заснована на почит, надминување на бариери, разбирање, пријателство, толеранција и соработка.