Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заев: Отворен Балкан е заеднички стремеж кон прогрес и подобра иднина

„Иницијативата Отворен Балкан треба да биде урнек и за другите земји, бидејќи ја промовира и афирмира довербата како искрена форма за наоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина“ изјави експремиерот Зоран Заев на Самитот на спортски новинари на Југоистична Европа „Спортот за државата, државата за спортот“.

На овој настан, поранешниот премиер Заев, како и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, добија златни плакети за нивниот придонес кон промоција на мирот.

Заев во неговото обраќање истакна дека може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина и напредокот.

„Отворен Балкан е отворена можност за непречена билатерална и мултилатерална соработка на сите можни полиња. Така се гради пријателство, така се оди напред, така се чува и надградува мирот“ рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК