Centar.mk
ЛОКАЛНО

Се конституираше Локалниот младински совет на Општина Илинден

Денеска во просториите на Општина Илинден, се конституираше Локалниот младински совет на кој присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски кој им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики.

Унапредување на положбата на младите , развојот на младинскиот сектор, нивното учество во креирање на соодветни политики и донесување на одлуки кои овозможуваат социјален и личен интерес на младите, е една од програмските определби на Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека спроведувањето на локалните младински политики во општината ќе придонесат за реализација на нивните потреби во локалната самоуправа што е еден од главните приоритети на општината.

Учеството на Локалниот младински совет во креирањето на младинските политики во општината, е важно тело во застапувањето на младите и нивните интереси преку кое ќе се зајакнат капацитетите на младите и нивниот развој во идни успешни граѓани и професионалци.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +