Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Полицијата затекна младо момче со нелегално собрано огревно дрво кое притоа со џип удрило во шумски полицаец и возило

На 03.11.2022 во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.В.(24) од Кичево. Тој бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со џип.

Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција, а потоа нападнал службеник на Шумската полиција.

Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК