Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Берлин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ja предводи владина делегација на средбите на лидерите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

Во состав на владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според владината прес служба на самитот ќе се одржат неколку сесии на кои е предвидено премиерот Ковачевски, заедно со лидерите од Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК