25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е ситуацијата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4,делница Блаце – Скопје.Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

На 04.11.2022 на камеонолонот Говрлево ќе биде извршено минирање.Минирањето ќе се изведува помеѓу 10 и 15 часот.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 01.11.2022 (вторник) до 04.11.2022 (петок) ќе се извршуваат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2335 од Подвис до Кривогаштани така што сообраќајот на тој потег ќе биде во прекин во двата правци од 10:00 до 16:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.