24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи: Oд 1 јануари мора да има покачување на цената на струјата, но ударот да биде поблаг

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 5 на 10 отсто в година ќе значи и ново поскапување на струјата за граѓаните. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека покачување мора да има, но внимаваат ударот за граѓаните да не биде голем.

Добивај вести на вибер
„Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој објасни дека зголемувањето на данокот за струјата е само една од ставките што влијаат на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните и дека во моментот се прават пресметките, но конечна цена сè уште нема.

„Ние сè уште ги правиме пресметките што значат инпутите за в година и затоа беа преземени мерките, веќе една и пол година за инпутот во дефинирање на цената в година да не биде на удар врз самите граѓани. Ние нудевме цена на електричната енергија од страна на ЕСМ кон ЕВН со многу пониска цена, субвенционирана од страна на Владата. Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување, но далеку сме сè уште, треба да ги согледаме сите параметри, а секако Регулаторната да одреди кое и какво ќе биде влијанието“, рече Битиќи.

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 1 јануари в година го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. Данокот од 18 отсто беше намален на 5 отсто во јули минатата година со измени на Законот за додадената вредност, а Владата на почетокот на годинава, пак, рече дека ако цената на струјата на берзите и натаму е висока, можно е ДДВ за струјата да не се зголеми на 10 отсто.