Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Технологија

Закерберг го потврди воведувањето „Вацап-заедници“

Mарк Закерберг го потврди воведувањето „Вацап-заедници“ (WhatsApp Communities), најнова карактеристика на апликацијата што служи како надградба на „Групите“ (Groups).

„Денес, почнуваме заедници на ‘Вацап’. Воведуваме и анкети и видеоповици во кои може да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни“, напиша Закерберг на „Фејсбук“.

Communities се наменети за организирање повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, населба или канцеларија може да се поврзат со неколку разговори. Администраторите потоа може да испраќаат пораки до сите во таа заедница. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да креираат и да учествуваат во анкети. Функцијата ќе се појави како картичка на врвот на апликацијата.

За разлика од фејсбук-групите, „Вацап-заедниците“ не се јавни и не можете да ги пребарувате – сè функционира преку покани.