Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Зечевиќ во Гостивар: Со СДСМ е загарантирана стабилноста на земјата и македонската европска иднина

На средба со партиски членови од ОО СДСМ Гостивар генералниот секретар Миле Зечевиќ вечерва истакна дека со СДСМ и државничките политики, земјата е стабилна а европската иднина на државата загарантирана.

– Со сите чекори што како партија ги преземаме во овие 10 месеци, но и со историските одлуки од независноста до денеска, ја обезбедивме македонската иднина. Со СДСМ и со коалицијата што ја предводи, со политичкиот концепт кој го реализираме, во земјата имаме политичка и внатрешна стабилноста. Граѓаните се безбедни и имаат сигурна иднина. Македонската европската иднина е загарантирана и затоа потребно е широко обединување зад овие вредности и државнички чекори, пред се за доброто на нацијата, посочи Зечевиќ.

Генералниот секретар Зечевиќ истакна дека покрај реализацијата на стратешките цели на државата, СДСМ, преку социјалдемократските политики на помош и солидарност, прави сè за побрзо и полесно надминување на последиците од кризата, тоа е препознаено од страна на граѓаните и затоа СДСМ повторно е на победничките патеки.

– СДСМ помина низ процес на внатрешна реорганизација, имаме нова регионална поставеност, но и кадровско освежување. Повторно СДСМ е победничка партија, потврда за тоа се вонредните избори каде што победивме. Во Маврово Ростуше и Центар Жупа имаме градоначалници од СДСМ и коалицијата. Правецот е вистински, секој треба да даде свој придонес, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средбите во Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК