26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
ТЕМАЛОКАЛНО

На граѓаните „им пукна филмот“, ќе протестираат против колапсот на јавниот превоз во Скопје

Ученици од најмалку десет населени места од скопската општина Сарај во петок ќе протестираат поради недостиг на автобуси со број 56 и 56А, објави „Клан Македонија“.

Како што објави телевизијата, ученици во гимназијата „Сарај“ ги повикуваат сите, па и студентите да се приклучат на протестот за да се реши проблемот со недостигот на јавен превоз и да се реши проблемот со недоволно простор за патниците во автобусите кои сообраќаат.

Инаку, тие испратиле барање до ЈСП за зголемување на бројот на автобуси кои сообраќаат на линијата 56, но се уште се без одговор.

Ова е прва реакција на жители на Скопје кои се незадоволни од колапсот на јавниот превоз во Градот.

Приватните превозници од „Макекспрес“ три дена не возат на неколку линии поради долгови од Градот, па ЈСП ги надополнува линиите со свои автобуси, што резултира со намалена фреквентност на останатите линии.

Иако состојбата со превозот во главниот град станува алармантна, градоначалничката Данела Арсовска се уште не презема конкретни чекори за надминување на овој проблем кој го попречува нормалното функционирање на скопјани.