Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тешка сообраќајка близу Прилеп, има повредени

На 01.11.2022 во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) с.Славеј, општина Кривогаштани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК