Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ го осудува нападoт врз советникот од Општина Карпош, да се истражи поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ

Изјава за медиуми, Наталија Спировска, советничка во Советот на општина Карпош:

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош, го осудува физичкиот напад врз советникот Александар Илиески.

Физички напад врз кој било граѓанин е недозволиво во европска и демократска држава каква што е нашата.

Советниците во општините се претставници на граѓаните и нападот кон нив е напад врз локалната самоуправа и врз демократијата.

Во одредеи медиуми се појавија информации дека нападот е директно врзан со начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ, поради критики на советникот кон оваа партија. Дали е за раце во медот или нешто друго? Тоа мора да се истражи и да се лоцира одговорност.

Факт е дека ова во многу наликува на ВМР0-ДПМНЕ. Апелираме надлежните институции да постапат по овој случај, виновниците за нападот да се лоцираат и казнат, за веќе вакви инциденти да не се повторуваат.

Насилството не е и никогаш не може да биде решение за какво било недоразбирање.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК