Centar.mk
ЛОКАЛНО

Изградена е уште една улица во населба Волково улица 74

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје денес ја асфалтираа улицата 74 во населбата Волково во општина Ѓорче Петров.

Улицата е со површина од 760 квадратни метри, прв пат е асфалтирана и е дел од проектот за изградба на повеќе од 25 улици во пет населени места во општина Ѓорче Петров.

Екипите од утре продолжуваат со изградба на улицата 78 во Волково, а во наредниот период и на останатите улици кои се предвидени според планот за работа и меѓуопштинската соработка на Град Скопје и општина Ѓорче Петров.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК