Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Панел дискусија на тема: Младински политики – потреби, можности и предизвици

Во текот на денешниот ден со почеток во часот 11:00 часот, во Клубот на пратениците, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска ќе организира Панел дискусија на тема: „Младински политики – потреби, можности и предизвици“.

На Панел дискусијата воведни обраќања ќе имаат заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, директорот на агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски и постојаниот претставник на УНДП за Република Северна Македонија Армен Григорјан.

Учество на Панел дискусијата ќе земат и претставници од Националниот младински совет, Младинскиот образовен форум, Универзитетското собрание на студенти, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, Ист-Вест Институт за менаџмент, Младинскиот ресурсен центар, Форумот за образовни промени, како и од Сојузот на младинска работа.

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК