Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Митрески: Софија во минатото одбиваше Бугарите да бидат внесени во Уставот, тоа беше наше барање

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески вели дека на лидерската средба ќе се зборува за европската иднина на земјата, односно за сите прашања поврзани со евроинтеграцијата, а не само за уставните измени. Во гостувањето во „Само вистина“ тој повтори дека сите партии се согласни дека стратешка цел е членство во ЕУ.

-Ќе се зборува за влегувањето на Бугарите во Уставот, но сите партии што сме определени за ЕУ треба да разговараме на една таква средба. Лидерската средба, покрај претседателите на партиите, ќе биде со учество и на пратениците или претставници на пратеничките групи. Поканети се сите што се определиле за евроинтеграцијата, истакна Митрески.

Тој кажа дека барањето за внес на Бугарите во Уставот во минатото било всушност барање на Скопје, а не на Софија.

-И пред ние да бидеме на овие позиции, во 90-тите, 2001-ва, па мислам и во 2018 година, било наше барањето Бугарите да бидат внесени во Уставот, но тогаш Бугарите не сакале да бидат внесени во Уставот. Според нив, тие ни ја признаваат државата, но велат дека станува збор за еден народ во две држави. Вака, со уставните измени, ќе се разграничат двата народа, македонскиот и бугарскио во Уставот, рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК