Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР го гаси пожарот кај планина Песјак

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР со хеликоптер од типот Bell 212 продолжи со гаснење на пожарот кој го зафати делот помеѓу селото Крушица и планината Песјак и Кичевија. При гаснењето на пожарот во период од шест ипол часа беа исфрлени 35 тони вода. Пожарот е локализиран со што не е дозволено да се прошири кон селата Козичино и Дупјани.
Ова е уште еден показател дека МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет.

Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.

За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК