12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Миладинова: ЈП Исар реципрочно да им помогне на граѓаните и да ја намали цената на услугите

Интегрална објава од денешната прес конференција на која се обрати Билјана Миладинова, членка на ОО СДСМ Штип.Владата предводена од СДСМ:

Владата предводена од СДСМ низ отворен и инклузивен процес постојано презема мерки за справување со последиците од економската криза и за заштита на стандардот на граѓаните.

Во оваа тешка криза им помагаме и на основните и на средните јавни училишта.

За да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја основните и средните јавни училишта при снабдувањето со електрична енергија може да склучат договор по цена од 95 евра по мегават/час.

Можност за снабдување со електрична енергија, Владата предводена од СДСМ обезбедува и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување, односно во Штип такво претпријатие е ЈП Исар, со што ќе обезбедиме снабдување со електрична енергија по 95 евра по мегават/ час.

Дали со помош на овие мерки ЈП Исар реципрочно ќе им помогне на граѓаните и ќе ја намали цената на услугите, односно дали би ја намалиле цената за ѓубрарина која ја покачија за 110 проценти?

За потсетување, Јорданов во времето кога беше пратеник во Собранието го кочеше законот за отпис на камати на долговите на јавните претпијатие, со што досега кредитот на ЈП Исар ќе беше исплатен во целост.

Јорданов откако е градоначалник на Штип досега само наоѓа изговори и ништо не превзема за да го заштити стандардот на штипјани, напротив ги зголемува цените на услугите и ги задолжува идните генерации со милионски суми.

Јорданов е должен да се извини на штипјани и конечно да почне да работи во нивни интерес, затоа што на градоначалничката фотелја е поставен токму од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.