11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Зечевиќ во Пробиштип: СДСМ е заштитник на граѓаните и гарантор на стабилноста на државата

Средбите на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, вечерва продолжија со посета на општинската организација во Пробиштип.

-Во последните 10 месеци, идентично како и низ годините наназад, една константа на политичката сцена во земјава се државничките одлуки на СДСМ и стабилизација на политичките процеси во земјата до ниво на целосна стабилност на државата. Таквите политики доведоа до гарантирана сигурност на сите нејзини граѓани и проектирана иднина во глобални и економски силни сојузи како НАТО и ЕУ. Затоа ние денеска може да кажеме дека СДСМ е заштитник на граѓаните и гарантор на стабилноста на државата. Улогата на секој член, симпатизер, поддржувач на СДСМ во оваа насока е многу значајна, рече Зечевиќ.

Социјалдемократските политики и во економијата се покажаа клучни, и тоа во исклучително тежок период на глобални предизвици, прво со пандемијата а сега и со глобална енергетска криза.

-Во духот на солидарноста и насочување на што повеќе пари кон граѓаните и кон ранливите, реализирани се два големи антикризни пакет-мерки за заштита на животниот стандард и за намалување на смеките на струја и ублажување на ценовните шокови, додаде Зечевиќ.
СДСМ помина низ процес на внатрешна реорганизација, нова регионална поставеност, но и кадровско освежување и консолидација. Повторно СДСМ е победничка партија, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средбите во Пробиштип со членови и симпатизери од општинската организација во овој македонски град.

Спонзорирано: