Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 97 седница, донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2022 година, на предлог на Министерството за образование и наука, а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со предложените измени, се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.

Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука, коешто деновиве ќе го распише и конкурсот за посочените стипендии, за академската 2022/23 година.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК