Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре, Тлеуберди во официјална посета на Северна Македонија

Утре, (вторник, 1.11.2022 г.) министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе му биде домаќин на потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со која Северна Македонија ќе претседава по две месеци. Ќе се разменат мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика.

Во рамки на неговиот престој во Скопје, Тлеуберди се очекува да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски како и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК