Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Во свое и во име на МВР, на народот на Турција ја честитам 99-годишнината од основањето на Републиката

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

Во свое и во име на МВР, на народот на Турција ја честитам 99-годишнината од основањето на Републиката.

Денеска, на покана на амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок, во резиденцијата на амбасадорот во Скопје, присуствував на свечениот прием по повод 99 години од основањето на Републиката.

Турција е еден од нашите најблиски традиционални партнери и важен сојузник во НАТО. Длабоките врски помеѓу нашите два народа, македонскиот и турскиот, имаат огромно историско и политичко значење, а нашиот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надграден со силна економска, трговска, безбедносна, културна соработка, на кои остануваме силно посветени.

На 29 октомври 1923 година, Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република, официјално го прогласи името на нацијата, како и основањето на Републиката.

Во таа чест, упатувам најискрени честитки, со желби за благосостојба и просперитет на пријателскиот турски народ.

Можеби ќе ве интересира

Студен удар во петок: Температури под нулата и снег во делови од земјата – детална прогноза за првите 4 дена од годината

ДЕСК

Одобрен Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица

ДЕСК

Остатоци од замрзнат снег на овој патен правец – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК