Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петровска: Лажните дојави за бомби не се изненадувачки по војната во Украина, тоа се обиди за паника

„Лажните дојави за бомби се неумесна акција со цел да се направи паника и предизвика недоверба кај населението. Од оваа перпектива, гледано што се случува во Украина, не е за чудење“ изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека иако ваквите пријави се надлежност на МВР, сепак Министерството за одбрана споделува информации со МВР и Агенцијата за национална безбедност со цел да се помогне истрагата.

Министерката Петровска кажа дека и сајбер-нападите со кои се соочува државата се во насока на креирање на мислење кај народот дека институциите немаат капацитет за да се справат. Сепак, таа кажа дека земјава има национална стратегија за сајбер-безбедност.

„Вклучени сме во она што значи развивање на домашните капацитети, но и унапредување и надоградување за справување. Тоа е процес кој нема почеток и крај, туку само надоградба“ кажа Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +