Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Големо апсење предмалку кај Сопот: Приведени криумчари од кумановско, пронајдени четири лица мигранти од Куба

Денеска (31.10.2022) во 11.40 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода М.Б.(26) и С.М.(28), двајцата од с.Сопот.

При преглед во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК