Поради поскапувањето на природниот гас и електричната енергија во Германија, потрошувачите сè почесто користат дрва за загревање на своите домови.
Германец, кој со семејството живее во Берлин, во изјава за локални медиуми вели дека оваа зима ќе користи дрва за загревање на својот дом. Тој посочува дека веќе не е економично да се користи гас бидејќи цените се речиси двојно зголемени во државата.
„Би рекол дека алтернативните системи за греење стануваат сè попопуларни во моментот, што значи враќање на дрвото, кое е растечки ресурс. Затоа мислам дека тоа би можело да биде алтернатива“, вели Германецот Хајке.
Според него, бидејќи се намалуваат резервите на дрва, некои луѓе одат во шумите во близина на своите куќи за да набават дрва.
„Веќе видов луѓе како одат во шумата и сечат дрва за да ги загреат своите домови. Мислам дека тоа ќе биде нашата иднина или барем блиска иднина бидејќи не знаеме колку долго ќе трае оваа криза и кога ќе биде достапен системот за греење?“, истакнува Хајке.
Верува дека ова ќе биде тежок период и голем тест за сите.
Во Германија во претходните години речиси половина од домовите се грееле на природен гас.
Според написите, бидејќи побарувачката за дрво во Германија е претерано зголемена, некои доставувачи привремено ја прекинаа продажбата поради тешкотии во снабдувањето на пазарот.