Centar.mk
БИЗНИСвест

Четврток од 18 часот: Бизнис Кафе со Никола Бубески, Ангелина Блажеска и Филип Петровски

Основачите на водечките технолошки стартапи и иновативни компании како Native Teams, FitKit и Data Masters ќе бидат гости-говорници на јубилејното 40-то издание на Бизнис Кафе Македонија.

Водечкиот бизнис-нетворкинг настан во земјава ќе се оддржи во четврток (3 ноември) во Среќа Бар (кај Американ Колеџ), со почеток од 18:00 часот.

Присутните на Бизнис Кафе-то ќе имаат можност да слушнат за тоа како овие тројца млади бизнис лидери ги развивале своите компании, кои биле нивните почетни предизвици и што се научиле во патот досега. Во нетворкинг делот ќе може со нив да се запознаат и да ги прашаат за совет или разрешување на некоја своја бизнис дилема.

Никола Бубевски e Co-Founder & Vice President of Commercial Operations во Native Teams – fintech платформа за интернационални плаќања за remote работа.
Платформата нуди можности за флексибилни плаќања и вработување и е достапна во 40+ држави во светот за фриленсери, компании и секој кој сака да работи интернационално.
Никола е задолжен за водење на стратегиски глобални операции на компанијата, води интернационален тим кој нуди локална поддршка за компании и фриленсери кои работат глобално, а воедно е и еден од основачите на компанијата во Македонија- местото од каде започна цела приказна на Native Teams.

Ангелина Блажевска е ко-основач на FitKit и Coach Foods. Пет години по лансирањето FitKit e дигитален лидер на фитнес и велнес просторот во Северна Македонија. Ангелина му помогна на стартапот да стане најголемиот фитнес провајдер со повеќе од 2500 месечни активни корисници. Во FitKit, таа е одговорна за оперативно планирање, стратегија и анализи.

Филип Петровски е основач и Data Architect на Data Masters, компанија специјализирана во областа на Data Science која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон. Тој е магистер по менаџмент на информации, специјализиран во бизнис-интелигенција и менаџмент на знаење.Како главен архитект на Дата Мастерс дизајнира комплексни аналитички решенија за компании во Португалија, Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Главниот фокус на Филип и Дата Мастерс е поддршка на менаџментот на компаниите во носењето на одлуки со користење на информации и консалтинг по дигитална трансформација на компаниите во Data Driven компании.

Влезницата за настанот изнесува 300 денари во кои е вклучен кафе пијалок од организаторот.
Бидејќи напацитетот на локалот е со ограничен број на места, потребно е претходно да направите резервација на следнава е-маил адреса: mkbizniskafe@gmail.com или да ни пишете на нашиот ФБ пејџ (https://www.facebook.com/bizniskafe.mk).

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК