14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Роденденски “Олд тајмери”

По повод традиционалната манифестација “Денови на Општина Карпош”, денеска на плоштадот Делфина во населбата Влае, се одржа изложба на 70 возила-олд тајмери и на колекционерски предмети. Интересот на посетителите беше огромен како и на оние кои сакаада ги погледнат и да се воодушеват од старо/новите возила. Целта, според организаторите, е дружење и презентација на сопсвениците на олд тајмерите од целата држава. На денешниот собир, освен домашните, беа присутни и пет гостински авто клубови. Советникот Дејан Лазаревски им подели благодарници на учесниците и на организаторите, како и на Амбасадорот на Холандија во Македонија, кој за прв пат беше дел од олд тајмер собирот.

-По четврти пат, во период од една година, се организира ваков настан на територија на Општина Карпош којшто го збогатува културно забавниот живот во Карпош. Овој настан е само дел од низата настани кои се одржуваат изминатите денови. Секој настан досега поминал со голема и одлична посетеност и интерес од граѓаните.Тоа е причина пповеќе да ја продолжиме нашата соработка со организаторите. – рече Лазаревски.

Во знак на благодарност до Општина Карпош, Здружението на олд тајмери “Љубители на класик мини”, додели плакета и торта во знакот на роденденот на локалната самоуправа.

Спонзорирано: