Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

Заштедете време и пари: Трикови за брзо отстранување на дамките од кафе

Кафето е омилен пијалок на многу луѓе, но не е невообичаено од брзање или невнимание да го истуриме на омилената гардероба. За ефикасно отстранување на овие дамки, не треба веднаш да прибегнувате кон хемикалии.

Овие трикови се многу едноставни и ќе ви заштедат пари и време.

Извалканиот дел натопете го во ладно млеко и оставете го да отстои. После тоа, измијте го во вода со сапуница.

Ефикасна е и мешавина од глицерин и една жолчка од јајце. Едноставно со него истријте го валканото место, а потоа исплакнете со млака вода.

Уште поедноставен трик вклучува само кисела вода: измијте ја дамката со неа и таа брзо ќе исчезне. Овој трик најдобро се применува додека дамката е сеуште влажна.

Ефикасна е и мешавина од оцет и алкохол. Намачкајте го на местото каде што е истурено кафето, оставете го да отстои, а потоа исплакнете со ладна вода, пишува Магазин Новости.

Исто така, ова се ефективни трикови за отстранување на дамки од црвено вино или други пијалоци, како зелениот чај.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 10 април 2026

ДЕСК

Доаѓаат пари за три хороскопски знаци во втората половина на април – Дали сте еден од нив?

ДЕСК

Дневен хороскоп за 9-ти април 2026: Еден знак добива неочекувани пари, друг носи важна одлука

ДЕСК