Centar.mk
БИЗНИС

Министерот Бектеши ќе присуствува на потпишување на Договорот за меѓусистемско гасно поврзување Ќустендил-Жидилово

Министерот за економија Крешник Бектеши во понеделник (31.10.2022) во Софија, Република Бугарија ќе присуствува на потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово.

Покрај министерот на потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и извршниот директор на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и извршниот директор на ГА-МА, Александар Арсиќ.

Договорот ќе го потпишат ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +