12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски во Благоевград: Тука сме да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пристигна во Благоевград, на отворањето на македонскиот културен центар.

Тој рече дека дошол за да им даде поддршка на нашинците во Бугарија.

„ Да го поддржиме отворањето на овој клуб, да ги поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои што зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. И за тоа во 21 век веќе не треба никој нити да има дилема, нити треба воопшто да разговара.

Треба да се почитува правото на самоопределување. А, нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти. Затоа сме денеска тука да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија“ изјави Мицкоски.