10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Отворен Берлин за балкански процес

Иницијативата за Отворен Балкан (ОБ), на дневнополитичко ниво, во нашата јавност добива некои чудни димензии. Имено, се почесто слушаме дека ОБ и Берлински Процес (БП) се взаемно исклучиви иницијативи. Но, ние не би требало да западнеме во таа површна теза од повеќе причини.

Прво, станува збор за сродни концепти, кои секако може да се одвиваат паралелно и непречено, доколку се земат предвид деликатностите на иницијативите кои всушност имаат иста цел.

Дополнително, извесниот скепцитизам на ЕУ, што се гледа во неусогласеноста на изјавите на некои од нејзините челници – не може да биде единствениот аргумет против ОБ за сметка на БП… Напротив, ние мора да сме свесни дека таа “неусогласеност” е една константна карактеристика на Унијата кога се во прашање нејзините оценки и делување во врска со надворешнополитичките односи.

Тоа е нешто што често се манифестира во однос и на многу други прашања. Оттука, таа таканаречена скептичност на ЕУ во врска со ОБ треба да се анализира со една резерва и да се води сметка за интересите на Регионот. Единствен релевантен аргумет поврзан за овој скептицизам се однесува на критериумите на кои се темели ОБ. Или, едноставно кажано, се додека Отворен Балкан се телеми на европските критериуми, ЕУ ќе ја подржува иницијативата. Уште повеќе, самиот БП дури би можел и да делува коректурно во однос а ОБ, т.е ОБ може да биде добар entry level.

Од друга страна, после изјавите на Ескобар и Хил, повеќе од јасно е дека САД не само што цврсто стојат зад иницијативата OБ, туку и ги охрабруваат и БиХ, Кососво и Црна Гора да се приклучат.

Што тоа значи?

Може на некои да им звучи чудно, но, во ОБ, САД се чини дека препознаваат извонредна можност да ги решат повеќето заглавени а комплексни и безбедносно ризични состојби присутни сеуште на овие простори.

Прво, со доброволното приклучување на Косово, како што потенцираат, ќе мора да се смени етнопопулистичката реторика на Курти и на Вуќик. Тоа пак ќе има ефект на релаксација на нивните односи.

Паралелно со ова, се очекува и подобрување на квалитетот на преговорите подржани од ЕУ, што консеквентно подразбира и намалување на безбедносната неизвесност на Регионот, што е тотално неприфатлива како за ЕУ , така и за САД. Со проширувањето на ОБ, а со тоа и надминувањето на неговиот структурален недостаток, секако би уследило и извесно амортизирање на се поизвесниот притисок врз Србија за признавање на Косово, кое истовремено би било и одлично алиби за отстапките на Владите на двете земји, кои неминовно би уследиле.

Второ, со приклучувањето на БиХ во ОБ, на некој начин ќе се задоволат и аспирациите за некакви ревизии на Дејтонскиот Договор, како и на националистичките аспирации кај одредени поедници, затоа што со тоа ете ќе имаат можност на некој начин да бидат под ист кров со своите “браќа по крв”.

Трето и најбитно, ОБ, е процес преку кој им се дава можност на земјите свесно и одговорно, конечно самите да направат нешто корисно за своите граѓани и да излезат од средновековното расположение, па дури и да делуваат во корист на нивната европска иднина. Тука сакам да нагласам, дека ОБ не е југо-реставраторска иницијатива и соработката во оваа платформа се базира на суверенистички и самостојни политики на државите членки. ОБ е нешто што може да ја подобри значително економската состојба на граѓаните и на регионот му дава можност да се развива во насоска на побрзо и полесно интегрирање во ЕУ, што впрочем е заедничка цел на сите овие земји.

Како и да е, клучно за успехот на паралелниот развој на двете иницијативи е прво, вземност и истоветност на критериумите за таквата соработка – посебно, оние кои се однесуваат на условите за регионална соработка и соодветните критиериуми за членство во ЕУ. Се додека процесот се темели на овие критериуми, нема потреба од скептицизам за “прелевање на авторитаризмите”. Конечно, и најважно, за ова да биде успешно, балканските политички елити мора да бидат крајно сериозни и одговорни и да делуваат со неопходна доза на прогресивна визија за унапредување на Регионот. Се додека овие позиции важат, и Берлинскиот Процес и ЕУ ќе бидат отворени за балканскиот процес на демократската еманципација.

Ана Чупеска

извор Либертас.мк