Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Нови детали за трагедијата во неготинско: Еден загина, друг повреден

На 29.10.2022 во 16.00 часот било пријавено дека на локалниот пат пред влезот во с.Калањево се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор “фергусон имт 539“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.А.(79) од с.Криволак-неготинско и патничко моторно возило “сузуки“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(55) од Неготино.

Во несреќата на местото на настанот починал С.А., а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил возачот од патничкото моторно возило. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК