25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Најмоќната крвна група на светот, секој што ја има – има среќа затоа што е заштитен

Овие луѓе можат да даруваат крв на сите други групи, се смета за една од најбараните и според многу експерти е најмоќна. Меѓутоа, личноста која ја има оваа крвна група може да ја добие само истата крвна група, но тоа не е единственото нешто што го издвојува, научниците сега дошле до посебни податоци.

Според најновите медицински истражувања, откриено е дека луѓето со нулта крвна група имаат подобро здравје поради поголема отпорност.

Имено, научниците потврдија дека крвната група 0 е онаа која доминира кај другите. Исто така, докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, дека имаат помалку проблеми со меморијата, но и дека имаат многу помала веројатност да заболат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и ракот на желудникот.

Поради тоа што организмот е поотпорен на болести, луѓето со крвна група 0 во просек живеат подолго. Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта на оваа специфична група содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од тромби.

Освен тоа, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, така што многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така фактори на ризик за ментална болест.

Сепак, постојат некои болести на кои тие се повеќе склони. Станува збор за болести како појава на чир, дисфункција на тироидната жлезда, низок процент на тироидни хормони и дефицит на јод. Овие дисфункции може да предизвикаат несакани последици како вишок телесна тежина или задржување на вода.