21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЉУБОВ И СЕКС

4 ПРИЧИНИ ЗОШТО МАЖИТЕ ЈА ИЗНЕВЕРУВААТ СВОИТЕ ЖЕНИ: „ИЗГОВОРИТЕ“ се БИЗАРНИ, нема да верувате што читате

Дури 88 отсто од мажите одлучуваат да имаат афера кога нивните партнерки избегнуваат односи.

Мажите често имаат посилен нагон од жените, па влегуваат во афери за да ги задоволат своите потреби.

Сајтот за запознавање „Викторија Милан“ се зафати со темата – зошто толку многу мажи изневеруваат, па анкетирале 8210 од нив од целиот свет.

Сакале да откријат кои иритирачки работи кај партнерот ги мотивираат да бараат утеха во прегратките на својот љубовник.

Ова се најчестите причини:

Често го менуваат расположението
Сите ние понекогаш сме во лошо расположение, но имаме тенденција да го криеме тоа од луѓето со кои не се чувствуваме пријатно кога сме во близина. На почетокот на врската, повеќето луѓе се трудат да останат позитивни и среќни бидејќи е полесно да се привлече и задржи партнерот. Меѓутоа, кога врската ќе стане посериозна и постојана, тогаш се олабавува сопирачката и понекогаш доаѓа до ерупција на лошо расположение. Според истражувањето, дури 97 отсто од мажите изјавиле дека ваквото однесување кај жените најмногу ги нервира.

Тие се љубоморни
Дури 96 отсто од мажите во истражувањето изјавиле дека ваквото однесување воопшто не им се допаѓа. Затоа, можно е нивните партнери да имаат вродени проблеми со љубомората, а тоа е она што ги води во прегратките на другите.

Тие им кажуваат на своите пријатели за нивната интимност
Ова однесување иритира 93 отсто од мажите. Колку подолго сте заедно, толку е поголема веројатноста да имате заедничка група пријатели. Но, тоа може да биде непријатно.

Лесно се иритираат
А тоа е она што ги наведува мажите на прељуба, бидејќи кога се со љубовниците, нема таква напнатост, па попријатно им е така да го поминуваат времето. 90 отсто од нив изјавиле дека тоа многу им пречи.