10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Од 2017 година наваму силно сме посветени во инвестирање во мојот кумановски регион – денеска испишуваме историја на железницата во Северна Македонија, како дел од Европската транспортна мрежа

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Како Влада, од 2017 година наваму силно сме посветени во инвестирање во мојот кумановски регион – денеска испишуваме историја на железницата во Северна Македонија, како дел од Европската транспортна мрежа.

Денеска сме во кумановскиот регион, заедно со нашите партнери од ЕУ, пријателите од Република Бугарија, амбасадорите и поддржувачи на нашата земја да го одбележиме почетокот на изградба на овој дел од Коридор 8 – железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Република Бугарија, инвестиција од преку 600 милиони евра како сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа.

▶️Делницата од Куманово до Бељаковце е во должина до 31 километар. Инвестиција е во вредност од 40 милиони евра. Изградбата ќе трае до 2024 година.

▶️За втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка инвестираме 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга, функционална до 2025 година.

Како Влада ориентирани сме кон создавање одржлив економски развој. И, за таа цел ги реализираме стратешките проекти, вредни за целиот регион – со брз и ефикасен транспорт придонесуваме кон економското зајакнување на државата, за нови можности за домашните компании, и освојување на нови пазари, но и кон вметнување на Коридорот 8 во главната мрежа на Европските коридори.

Спонзорирано: