14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Аманетот на Конески го исполнивме, македонски јазик во ЕУ, признат од сите

Соопштение на СДСМ:

Македонскиот јазик во ЕУ, e признат и потврден, еднаш, засекогаш на исто рамниште со сите јазици во Унијата.

Со потпишувањето на договорот Фронтекс е направен историски исчекор. Тоа е првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.

Договорот е одобрен од сите 27 членки, на него, заедно со македонскиот јазик стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија.

СДСМ, претседателот и премиер Димитар Ковачевски со државнички и одговорни политики го заштитија македонскиот јазик.

Исполнет е сонот и аманетот на Блаже Конески, на сите дејци коишто во минатото се бореле и давале придонес за афирмацијата на македонскиот јазик.

Државата и владата на СДСМ успеаа да се изборат за македонски јазик признат и потврден од сите.