Centar.mk
ЛОКАЛНО

Во тек е санација на оштетениот плочник на улица Македонија

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица Македонија.

Активностите кои што тиe ги изведуваат при санирањето на оштетените плочи се на потегот од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев.
По целиот овој потег на улицата Македонија се врши отстранување на оштетените и пропаднати плочи, рамнење на подлогата и повторно враќање подредување на плочите.

Во текот на вчерашниот ден екипите го санираа просторот околу споменикот на „Цар Самоил“ и денес продолжуваат на санација на останатата оштетена површина од улицата, со цел безбедно движење на пешаците во центарот на градот.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК