13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 5 дена ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата „Тајни имоти“, постапки и разрешувања веднаш

5 дена ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата „Тајни имоти“, постапки и разрешувања веднаш. 5 дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата „Тајни имоти“ на себе и да ги аболицира 123 функционери од власта. 5 дена наместо постапки се измислуваат изговори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата „Тајни имоти“ како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не поднеле анкетен лист.

Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите. Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот од аферата „Броило“? Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив.

Аферата „Тајни имоти“ докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.