25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски за „Вин-вин“: Случајот за нападот на Божиновски е приоритет за МВР, прегледуваме снимки од камери, очекувам брзо решение

Министерот Оливер Спасовски во емсијата „Вин-вин“ потенцираше дека за МВР е приоритет расчистување на случајот за физичкиот напад врз сопственикот на порталот „Буре Весник“ Зоран Божиновски кој деновиве се случи пред домот на неговата сопруга во Битола.

Министерот силно го осуди овој напад, потенцирајќи дека не постои оправдување за таков акт, односно за насилство врз било кој човек во државата.

„Во моментот интензивно се работи на случајот. Подигнати се камери од 31 место во делот на трасата каде што се движеле луѓето. Првичните сознанија се прибираат. Сега се употребуваат и други истражни мерки коишто се побарани од страна на Обвинителството да бидат спроведени, така што сметам дека брзо ќе дојдеме до одговорот на ова прашање“, истакна министерот.

Запрашан за нивото на политичка комуникација и говор со кој се служат одреден дел од политичките субјекти во државата, со што се создава јаз помеѓу граѓаните, министерот предочи дека политичарите, како највлијателни во општеството, се и најодговорни за оваа ситуација, но и за можноста за нејзино отстреанување.

„Бараме да бидеме обединети во општеството по многу прашања, а ако бараме обединетост, мораме да имаме минимум пристојна комуникација за тоа што го бараме. Таквата комуникација го компромитира вредносниот систем кај граѓаните, тоа се пренесува после на граѓаните, претежно кај младите луѓе“, рече Спасовски и порача дека сите политички битки, без разлика каде и да се водат, мораат да бидат водени на јазик кој е прифатлив за сите и им дава шанса на аргументите, а не на навредите.