Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс на македонски јазик, да им се извинат на граѓаните за лагите

Единствено Христијан и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на македонски јазикм со чиста формулација, без никкави фусноти, велат од СДСМ.

Тоа е огромен успех за македонската држава и огромен пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секоја нивна лага за наводно загрозување и бришење на македонскиот јазик денес е демантирана.

Исто како и за членството во НАТО, Мицкоски заедно со Апасиев е единствениот кој не честиташе на потпишувањето на Фоговорот со Фронтекс.

Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага.

Нема асимилација, нема бугаризација има официјален македонски јазик во преговорите со ЕУ.

Ако веќе нема нема доблест да честита за успехот на државата, Мицкоски нека смогне сили и нека им се извини на граѓаните за лагите што со месеци ги пласираше во јавноста, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +