1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Митрески: Бугарите не сакале да влезат во уставот во 1991, 2001 и 2018 година– а тоа е за заштита на македонскиот идентитет

„Наметната е дилемата дека е барање на Бугарите за да влезат во Уставот, па ние сме попуштиле. Не, сами сме барале и во 1991 и во 2001, а според мои информации и во 2018 година. Не се случило бидејќи тие не сакале, бидејќи сме биле ист народ“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека со внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав се прави дистинкција дека постои македонски народ, различен од бугарскиот народ.

„Ова е борба и заштита на идентитетот. Дека македонскиот народ е посебен, бугарскиот народ е посебен. Ја кршиме флоскулата за еден народ во две држави, која трае уште од 1991 година“ рече Митрески.

Пратеникот кажа дека верува оти има искусни и чесни пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК