Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ јавно да каже дали Ванчо Михајлов е во нивниот континуитет

„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали се повикува на континуитетот и дали Ванчо Михајлов е дел од нивниот континуитет. Еднаш се повикуваат на тој континуитет каде дел од раководството бил Михајлов, од друга страна протестираат против клубот со негово име во Битола“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија треба да има јасен став по ова прашање и да бидат искрени пред народот и граѓаните.

„Во амблемот на партијата, лавот на црвена основа, стои 1893 – 1990, што значи дека и Ванчо Михајлов е дел од тој континуитет. Поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски во изјава на 20 декември 2014 година Ванчо Михајлов го набројува во хероите на револуционерната борба“ рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

ДЕСК

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК