Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот јазик стана дел од ЕУ – Договорот за Фронтекс потпишан на чист македонски

Договорот за Фронтекс стана првиот официјален документ потпишан меѓу Северна Македонија и Европската Унија на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти.

Со тоа се исполни ветувањето на Владата и премиерот Димитар Ковачевски дека земјава тргнува на европскиот пат со зачуван идентитет и јазик, наспроти обвинувањата на опозицијата.

Премиерот Ковачевски, на прес-конференцијата по потпишувањето на договорот, ја повика опозицијата да се откаже од блокирањето и манипилирањето и да помогне во европскиот пат на земјава, на преговорите, но и да се изгласаат уставните измени. Тој порача дека не смее да дозволиме извештај на ЕК да нотира дека опозиција блокира европски реформи во Собранието и да биде сидро на деструкција и спротивен правец.

По потпишувањето, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен порача дека владата покажа посветеност на вредностите на вредностите на ЕУ и изрази увереност дека земјава брзо ќе се виджи напред на патот кон членството во Унијата.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.