26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Над 760 милиони евра за антикризни мерки во 2022, никој нема сам да се справува со кризата

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно затоа што Владата одговорно и навремено интервенира со потребната поддршка за граѓаните и компаниите и продолжуваме будно да ја следиме состојбата. Во оваа насока се и неодамна донесениот нов пакет антикризни мерки во вредност од над 360,2 милиони евра. Со претходниот сет мерки кој се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки до сега достигна над 760 милиони евра.

Ова го истакна денеска како одговор на пратеничко прашање на седница во Собранието, премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот посочи дека новиот сет мерки е донесен по сериозни и долги консултации со експертите, со претставници на работодавачи, на здруженија на пензионери, со претставници на Стопански комори со цел сите да бидат опфатени.

Од една страна, нашата, мојата цел за оваа зима е да ги искористиме максимално ресурсите со кои располагаме, контактите со нашите пријатели од Европа, од регионот, контактите со најблиските соседи и да го исполнуваме нашиот план за обезбедување ресурси и пред се електрична енергија од домашните капацитети. Од друга страна, усвоивме таргетирани мерки кои ќе бидат поддршка за најранливите граѓани, што од друга страна е и препорака на меѓународните финансиски институции. Ние се наоѓаме во тежок период во кој што нема простор за изобилие, туку има простор за солидарност и поддршка на оние кои што се најранливи категории во општеството. Во исто време, се трудиме да изнајдеме начин како она што веќе е поддршка за граѓаните и компаниите, да го продолжиме и понатаму за да обезбедиме сеопфатен пристап“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи дека со ребаланс на Буџетот кој што беше усвоен во изминатиот период, се осигуравме дека ќе се продолжи со мерките како што е повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата за да се ублажи ценовниот удар од растечката цена на електрична енергија на светските берзи.

Продолжуваме и со програмата на енергетска сиромаштија со која што парично и директно помагаме 4.000 семејства во државата на кои што им обезбедуваме намалени сметки за електрична енергија или финансиски средства за друг огревен материјал кој што го користат. Со оваа мерка секое семејство поединечно е потпомогнато со скоро 200 евра во текот на годината.

Продолжува и финансирањето на општините заради зголемување на енергетската ефикасност со проектот од Министерството за финансии преку Светска банка во износ од 10,5 милиони што ќе можат да ги искористат за воведување на нови обновливи извори на енергија или да ги искористат за подобра енергетска ефикасност на нивните објекти.

Компаниите ги ослободивме од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување и ова вкупно се 26 милиони евра кои што остануваат на располагање за оптег во стопанството, продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност со 10,5 милиони евра преку Министерството за финансии.

Дополнително рече премиерот се одложува воведувањето еколошката такса, која во стопанството ќе сочува 25 милиони евра. Компаниите се ослободуваат од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување и од ова ослободување над 26 милиони евра остануваат во оптег во стопанството.

„Обезбедуваме поддршка со поволни кредити за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на компаниите, во вредност од 100 милиони евра преку Развојна Банка на Република Северна Македонија по принципот 1+2 продолжува. Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%, 611.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи и има пет пати помала сметка за струја од она што би ја платиле без субвенцијата на државата“, рече премиерот Ковачевски.

„Со ребалансот продолжуваме на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за што со ребалансот издвоивме дополнителни средства за да може сметките на граѓаните да останат на исто ниво до крајот на годината, односно 80% субвенционирани и на малите потрошувачи. За да може сето ова да се случи, одвоени за целата година ќе се вкупно над 222 милиони евра“, рече премиерот Ковачевски.