Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

ЗАКАНА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА ВО УШТЕ ТРИ УЧИЛИШТА: Во дел од веќе пријавените утврдено е дека пријавите се лажни!

Денеска (26.10.2022) околу 12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Подоцна, дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала на меил во уште три училишта на територија на Скопје и таму, исто така, се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек.

Можеби ќе ве интересира

Сеизмолошка опсерваторија излезе со детали за потресот – ова се деталите

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ: Регистриран потрес со јачина од 3.5 степени

ДЕСК

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

ДЕСК