Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нападнати двајца малолетници во Мирковци

Денеска (26.10.2022) во 00.30 часот во Полициското одделение Мирковци, Р.З.(32) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот во с.Мирковци, скопско, неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од две лица.

Според пријавеното, малолетниците најпрвин имале расправија со друг малолетник од селото, по што со возило дошло едно лице и физички го нападнало синот на Р.З. и со возилото го однело во домот на малолетникот од с.Мирковци, каде физички го нападнал и неговиот татко. Како што пријавил Р.З., после тоа таткото на малолетникот од Мирковци, го пресретнал и физички го нападнал и малолетниот другар на неговиот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК